After Midnight

Вечната љубов е запишана во крвта

Докажано е дека страста во секоја врска трае одредено време, а не вечно, а британските научници неоддамна ги проучувале биохемиските реакции во човекчкиот мозок и заклучиле дека вистинската љубов никој и ништо не може да ја загрози.

Тие тврдат дека тајната за стабилна, убава и долга врска е “запишана” во крвта кај двата партнери. Силните емоции како што се заљубеност, страст и вистинска љубов може да се изразат со многу прецизни научни параметри, кои откриваат што всушност се случува во вашата душа кога конечно ќе ја сретнете вистинската личност.

Првобитната занесеност и заљубеност во организмот предизвикуваат хормонска бура, а потоа следува период на безбедна пловидба по мирно море.

Кои се супстанците кои се во состојба да ги натераат мажите на врска која ќе трае “ засекогаш “? Пред се женскиот хормон окситоцин, кој е задолжен за сексуалното однесување и мајчински инстинкт, а исто така и вазопресин кој го стимулира протокот на флуид низ организмот. Кај вљубените личности овие два хормони ја превземаат главната улога и директно влијаат на мозокот. Кај мажите при овој процес се јавува желба за потомство.

Напиши коментар