Дали и вие сте од оние кои што пред да заспиете мора да се вртите половина час во кревет. Авторот на неколку бестселери Ендру Вил кој што има докторирано на Харвард на својата интернет страница објави вежба со која што ќе го потикнете холистичкото дишење, а со тоа ќе се изборите против стресот.
Вежбата изгледа вака:
1. Ставете го врвот на јазикот на непцето веднаш позади предните горни заби и држете го таму додека трае целата вежба.
2. Издишете се преку уста.
3. Затворете ја устата и полека вдишете на нос. Додека вдишувате бројте до 4.
4. Држете го здивот додека бројте до 7.
5. Издишете преку уста додека бројте до 8.
Повторете ја вежбата уште 3 пати. Со самата вежба вие го контролирате дишењето и правите кислородот да се задржи подолго време во организмот, а со тоа се борите со стресот. Па одтаму може да се каже дека ќе заспиете многу побро и поопуштено.
