← НАЗАД НА БОЗА

Во која поза најлесно ќе забремените!

Во која поза најлесно ќе забремените!
192 Читања

На некои парови им е многу тешко да добијат дете. Кога станува збор за поза во која најлесно може да се зачне, се препорачува онаа каде што пенисот ќе биде најблиску до матката, колку што е тоа можно.

Откако јајце клетката ќе се ослободи од јајцеводите – фаза позната како овулација – патува низ фалопиевите цевки во матката. Пуштената јајце клетка живее 24 часа, а спермата во телото на жената три до пет дена. Затоа треба спермата да биде што е можно поблиску до јајце клетката пред истата да умре.

Иако многу од луѓето веруваат дека секс позите немаат никаква улога во зачнувањето, сепак спермата мора да стигне што е можно најбрзо до јајце клетката.

Ова е особено точно за оние парови кои имаат проблем со зачнувањето. Ако парот сака да добие дете, треба да ги избегнуваат оние пози каде спермата може да истече надвор од вагината.

Врвни пози во сексот за полесно зачнување

Мисионерска поза

Кога мажот е горе а жената доле, наводно е најдобрата позиција, ако сакате да забремените. Позата е добра затоа што овозможува длабока пенетрација односно спермата доаѓа најблиску до грлото на матката.

Подигнете ги колковите

Жената треба да ги подигне колковите, а тоа ќе го направи кога под себе ќе стави перница. Оваа поза овозможува изложеност на цервиксот и брзо прифаќање на испуштената сперма.

Doggy-style

Оваа поза во која мажот пенетрира во жената отпозади, исто така се препорачува ако сакте да зачнете. Во оваа поза исто така спермата е најблиску до матката, сo што се зголемуваат шансите за зачнување.

Странична пенетрација

Се препорачува и позата во која и мажот и жената лежат странично. И оваа поза овозможува поголема изложеност на грлото на матката па полесно спермата доаѓа во контакт со неа.

И конечно – огразам!

Иако ова нема врска со позите, некои истражувања покажале дека и тоа како има големо влијание врз женскиот организам во врска со плодноста. Според истажувањата,огразмот кај жената доведува до контракција која помага спермата да дојде до грлото на матката.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk