← НАЗАД НА БОЗА

ВО ОВОЈ РЕСТОРАН ВАШЕТО ДЕТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЕ БЕСПЛАТЕН ОБРОК, АКО СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД ОВА!

ВО ОВОЈ РЕСТОРАН ВАШЕТО ДЕТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЕ БЕСПЛАТЕН ОБРОК, АКО СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД ОВА!
24 Читања

На родителите тоа сепак тешко им доаѓа. Мислењата се поделени.

Дури 20 проценти од децата сметаат дека нивните родители претпочитаат да бидат на телефон, наместо да разговараат со нив за време на оброците во ресторанот, а 23 проценти од родителите потврдија дека го проверуваат телефонот за време на ручек. Околу 10 проценти од децата признале дека го криеле телефонот од своите родители за да го привлечат нивното внимание.

Резултатите се од истражувањето на ресторанот Frankie & Benny’s, кој нуди италијанска и американска кујна во Велика Британија, пишува Fox News.

За да се стави крај на ваквите навики, тие ќе нудат бесплатни оброци за децата во нивните ресторани, ако нивните родители не го гледаат телефонот за време на ручекот или вечерата.

Ова значи дека од крајот на ноември до 7 декември на влезот на ресторанот  Frankie & Benny’s има кутии каде што родителите можат да ги остават телефоните.

„ Децата ја мерат љубовта со време и ако го отстраните телефонот кога сте со нив ќе им дадете до знаење колку се важни за вас и колку ви е грижа за семејното време. Родителите се пример за сè што прават и ако го оставите телефонот на страна во ресторанот, ги учите каде технологијата е соодветна, а каде не е “, вели психологот Сузан Аткинс во соопштението.

Реакциите на социјалните мрежи се поделени.

– Мило ми е што во ресторанот Frankie & Benny’s знаат колку е важно да се фокусирате на семејни разговори за време на ручекот и да не висите на телефон! Иницијатива вредна за пофалба – коментираше еден корисник.

– Каква глупава идеја. Иницијатива или забрана, поради тоа ќе ги загубат гостите. “Бла, бла бла, технологијата е лоша” – рече друг корисник.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk