After Midnight

Врска: Или си или не си

Ако постојано  раскинеме и пак се смириме со нашиот партнер, го загрозуваме здравјето, предупредуваат психолозите истакнувајќи дека недостатокот на стабилност во врската може да предизвика стрес, депресија и анксиозност.

Помирување со партнерот по раскинување е честа појава, особено во модерното време. Но, ако стално раскинуваме и се смириме со нашиот партнер, го загрозуваме здравјето, предупредуваат психолозите истакнувајќи дека недостатокот на стабилност во врската може да предизвика стрес,  депресија и анксиозност.

Една студија на Универзитетот во Мисури, во која беа вклучени 500 луѓе кои моментално се во врска, покажа дека дури 60 отсто од испитаниците имале такви врски. Научниците истакнуваат дека овие врски обично се појавуваат кога една страна е помалку посветена и заинтересирана од другата страна. Другата страна од страв да не ја изгуби својата сакана  и толерира различни нешта.

Исто така,  често се случува кога парот не се врзува за ништо друго, освен за силна сексуална привлечност. Првичната причина за прекинување може да бидат постојани борби, па дури и изневерување, така да партнерите по некое време повторно се смируваат бидејќи не можат еден без друг.

Ваквите врски се поврзани со лошата комуникација, ниското ниво на посветеност, па дури и злоупотребата, предупредуваат научниците. Тие влијаат врз развојот на несигурноста,  па другата страна секогаш се прашува зошто не е доволно добар и што треба да се направи за да се задржи саканата личност засекогаш покрај себе. И поради тоа, ако се чувствувате  на овој начин, експертите ве советуваат подобро да раскинете еднаш и засекогаш и да свртите нов лист.

Напиши коментар