← НАЗАД НА БОЗА

Запознајте го новиот Hellboy!

Запознајте го новиот Hellboy!
78 Читања

Како ви изгледа овој „Црвен“?

По два играни филма, еден краток и два анимирани за Hellboy, Рон Перлман веќе нема да продолжи да биде „Црвен“, туку е заменет во новиот римејк со неговиот колега Дејвид Харбор, кого го засакавме во серијата “Stranger Things”, во која го глуми ликот на шерифот Џим Хопер.

Многумина се разочарани од фактот дека Гиљермо дел Торо нема да биде оној кој ќе режира, како и фактот дека на Рон не му е повторно доверена оваа улога.

Римејкот е во режија на Мајк Мињоло, а Дејвид истакна дека Рон не се лути што улогата му е „одземена“.

Сега имаме можност да го видиме првиот трејлер за новиот Hellboy, а се чини дека е вметнато повеќе комедија отколку во претходните филмови, а доколку не прашате нас – не можеме да дочекаме!

Во кината ќе имаме можност да го гледаме од 12. април 2019. година, а покрај Харбор глумат и Мила Јововиќ, Ијан Мекшејн, Саша Лејн и Даниел Ди Ким.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk