← НАЗАД НА БОЗА

Затворете ги очите, нацртајте го ова и почувствувајте бран добра енергија: како фракталните цртежи ја откриваат нашата потсвест

Затворете ги очите, нацртајте го ова и почувствувајте бран добра енергија: како фракталните цртежи ја откриваат нашата потсвест
25 Читања

Фракталниот метод како нова форма на уметничка терапија ни помага да се ослободиме од психичките потешкотии и да ги решиме проблемите!

Енергетските фрактали се уметнички обликувана енергија, вибрации отпечатени на материја. Ова се уникатни уметнички слики кои ќе ја внесат потребната енергија во вашиот живот. Фракталите односно фракталните димензии се геометриски форми чија структура се состои од бескрајност со повторување на исти делчиња, каде што целината се изразува во секој дел.

Колку просторот влијае врз нашето здравје, мисли и енергија, толку и мислите, чувствата и настаните што се случиле во просторот влијаат врз нас. Енергетските фрактали можат да бидат вашата лична енергетска основа и поддршка, без разлика дали сакате да постигнете физичка, материјална, емоционална или духовна цел.

Можеме да ги создадеме така да делуваат на: отпочнување на процесот на исцелување, намалување на стресот, заморот и вознемиреноста, зголемување на животната енергија и виталност, како и да бидат извор на потребните вибрации во вашата работа, кои ќе ја стимулираат пенетрацијата, храброста, комуникацијата, концентрацијата, опуштеноста.

Фракталниот цртеж се црта многу необично: со затворени очи. Ова овозможува моментално исклучување на вредносните пресуди на умот и целосна слобода на самоизразувањето.

А сега, затворете ги очите, исфрлете ги сите мисли од вашата глава и ослободете ја раката – лесно нека лизга по хартијата.

– Така се започнува фрактален цртеж.

Пред себе ставете бел лист хартија, земете црно пенкало, затворете ги очите и така, цртајќи, мислете на вашиот проблем. Оставете ја раката да црта спонтани линии околу 60 секунди. Потоа отворете ги очите и ќе видите една форма на цртежот. Подгответе ги потоа дрвените боички (24 бои) и почнете да го боите цртежот. Технологијата на боење е следната: затворете ги очите и земете една боичка, а потоа отворете ги очите и произволно, како се чувствувате, обојте неколку полиња со различен притисок, посилен, послаб и среден. Потоа преминете на следната боичка. Со една боја можете да обоите најмалку едно,а најмногу десет полиња.

Нацртајте неколку вакви цртежи се додека не почувствувате дека одреден проблем престанува да ве мачи. Тогаш само треба да почекате и да видите како ќе се реши проблемот – вели Ивана Зориќ, практикант на овој метод.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk