Навистина ви се допаѓа вашиот партнер, но едноставно неможете да сфатите како размислува. Тоа не е заради тоа што не сте еден за друг, туку затоа што машкиот и женскиот мозок се разликуваат.
Најголемата разлика во машкиот и женскиот мозок се однесува секако на оној дел кој е одговорен за сексот. Тој дел кај машкиот мозок е дури двојно поголем во однос на женскиот мозок. Затоа сексот има толку голема улога во животот кај мажите. Затоа кога мажите ќе видат женски гради, веднаш се “заслепуваат”. Иако, тоа може понекогаш да ви биде досадно, мажите навистина неможат да се контролираат, бидејќи им се јавува потреба за размножување.
Од друга страна, женскиот мозок е програмиран да бара сигурност и потпора кај мажот, пред да дојде до сексуалните односи. Затоа овие два пристапи многу добро се вклопуваат – кога мажот ќе запознае жена за која ќе процени дека е вистинската за него, сето останато му припаѓа во втор план и тој и се посветува само на неа.
Докажано е дека мажите за време на бременоста на нивните партнерки имаат помала потреба да гледаат други жени. Причината е тоа што таа тогаш зголемено лачи феромони, кои во целост го привлекуваат нејзиниот партнер и му го намалуваат нивото на тестостеронот, припремајќи го за улогата како татко.
