← НАЗАД НА БОЗА

Зошто ни „играат“ очите?

Зошто ни „играат“ очите?
115 Читања

Сите барем еднаш сме се соочиле со некој вид на грчење на окото, кое често се опишува како „играње“ на окото или на подрачјето околу него. Обично ова го погодува горниот или долниот капак, а траењето може да варира, па некогаш да трае и со денови, па дури и со недели.

„Играњето“ на окото е сосема вообичаена состојба и почесто ни претставува оптоварување отколку што има било некакви здравствени последици. Во поголемиот број на случаи, сепак, ова е показател на некои помали здравствени проблеми:

Замор: Најверојатно ви недостасува сон.

Стрес: Обидете се со техники на опуштање, јога или медитација.

Кофеин: Можеби би требало да ја намалите количината на кафе која ја пиете.

Иритација на окото: Ако неодамна сте имале некоја иритација на окото.

Пушење: Можеби е време да ги оставите цигарите.

Покрај константното грчење, може да се јави и замаглен вид или осетливост на силно светло. Во секој случај, не грижете се, „играњето“ на окото не може да ви го оштети видот.

Во многу ретки случаи, играњето на окото може да биде знак за посериозна здравствена состојба, како на пример проблеми со нервите (Тоуретов синдром), парализа на нервите или воспаление на очниот капак. Меѓутоа, во овие случаи грчевите се јавуваат зачестено и обично ги погодуваат двете очи.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk