After Midnight

Зошто зафатените момци се толку привлечни?

Се прашувате зошто се толку проклето неодоливи иако знаете дека имаат девојка? Еве неколку причини.

Забранетото овошје секогаш е најслатко, тоа е правило кое се докажало безброј пати. Веројатно барем еднаш во животот сте загризале овошје на кое не сте смееле ни да помислите, но ѓаволот во вас не ви давал мир.

Колку и да се обидувате да се воздржите, она што нема да се проба, засекогаш останува неисполнета желба. Се прашувате зошто зафатените момци се неодоливи? Психолозите пробуваат да објаснат.

Како прво, самиот статус “зафатен” игра силна улога во привлечноста. Нивото на допоминот во телото расте, што ги прави жените одлучни за постигнување на целта. Но пред да тргнете во лов, размислете дали тој дечко е навистина вреден или фактот дека е зафатен претставува само предизвик за вас.

Психолозите советуваат да го “уклучиме” мозокот. Жените често се занесуваат, а всушност ни самите не се свесни што сакаат. Фактот дека е зафатен вас ве привлекува, ве привлеку и физичкиот изглед, но вие не знаете за каква личност станува збор. За да бидете сигурни, размислете повеќе пати за својот избор.

Дознајте што навистина ве привлекува во целата ситуација, па потоа донесете одлука.

Напиши коментар