After Midnight

10 знаци дека те гледа само како другарка

Едно од најчестите прашања за жените е прашањето дали му се допаѓаат на некој маж или не.

Честопати е тешко да разликуваме добронамерна, пријателска прегратка од спонтаната, што укажува на флертување.

Комплиментите се, исто така, лизгав терен помеѓу сигналите дека му се допаѓате и познатата friend зона, и речиси секогаш сте збунети.

Колку и да е тешка дилемата, ние секогаш ќе погрешиме со претпоставките, а ниту мажите често не ни се од голема помош.

Ова се некои од знаците дека ве гледа само како другарка:

  • Секогаш први се јавувате и иницирате да се состанете.
  • Кога тој нешто иницира, секогаш зема некој друг со него.
  • Ве нарекува „брат“ или слично, што ви дава до знаење дека сте „ортаци“.
  • Пред вас зборува за жените кои му се допаѓаат.
  • Се обидува да ви најде момче меѓу своите другари.
  • Кога сте сами, никогаш не пробува ништо.
  • Отворено ви дава до знаење дека не сте негов тип.
  • Разговарајте со вас за работите за кои што никогаш не би зборувал пред својата девојка.
  • Ви раскажува за поранешната девојка, која што сеуште не ја заборавил.
  • Ве испитува кога ќе најдете момче.

Неретко се случува жените да ги гледаат овие знаци како знаци дека му се допаѓаат на некој маж, но нема никаква надеж, доколку мажот се однесува вака. Вие сте пријатели и тоа е тоа!

Напиши коментар