Како девојчиња, „ја губевме главата“ по згодни момчиња, за кои се вртеше секоја втора жена, но во текот на зреењето, сфативме дека покрај нас сакаме маж кој има сосема различни квалитети, кои се направени токму за нас.
Зрелата жена која знае што сака од животот, покрај себе сака партнер, кој ќе биде еднаков на неа и со кого, рака под рака, ќе може да чекори кон своите цели. Тие од своите партнери ги очекуваат следните квалитети:
Храброст и смелост
Таа покрај себе сака маж, кој ќе се бори за себе, но и за неа.
Оној, на кој не ќе мора да му го објаснува следниот чекор или точната процедура, зрел и смел, кој ќе се избори за своето место под сонцето. Покрај тоа, таа секогаш може да се потпре на него и да биде сигурна дека тој ќе и ги реши сите проблеми.
Подготвен за љубов
Тие покрај себе сакаат маж кој може да ги покаже своите чувства. Ќе и го подари потребното внимание и ќе и обезбеди поддршка и засолниште, а тоа е сè што ѝ треба.
Искрен е
Маж кој е подготвен на отворен и искрен разговор, нема да бега од проблемот, постепено ќе реши било каков конфликт и ќе ви укаже на секоја потешкотија, а тоа е токму она што го сака една зрела и одговорна жена.
Со таков партнер таа нема да има причина да биде несигурна во својата иднина, и ќе носи големи одлуки без страв, бидејќи знае дека секогаш ќе има на кого да се потпре!