After Midnight

6 слатки начини за да му бидете уште посекси

Вратете ги искри од почетокот на врската!

Вие сте во долга врска, па страста помеѓу вас е малку намалена? Нема потреба да очајувате и да мислите дека не сте повеќе интересни за него. Напротив! Можете да ја свртите ситуацијата во ваша корист со примена на следните секси трикови.

Сменете ја долната облека.

Заменете ги вашите драги и удобни бели памучни гаќички со црна танга со тантела. Ние знаеме дека тие не се многу удобни, но обидете се да ги носите барем две недели и уверете се во нивната моќ.

Закажете тестирање на нов луксузен автомобил со кожни седишта и кажете му дека ќе го земете од работа тој ден. Вие зад воланот на скапиот убавец? Тоа дефинитивно ќе го придобие!

Вратете ги допирите.

Се сеќавате ли како на почетокот на врската постојано се допиравте додека седевте во кино, се возевте со автомобилот или шетавте по улицата? Вратете ја оваа прекрасна и романтична традиција.

Одете на курс по француски или италијански јазик и научете неколку жешки реченици што ќе му ги „сервирате“ во креветот.

Спијте голи.

Многу ефикасно и нема причина да не се обидете, особено затоа што ни доаѓа потопло време.

Погледнете стар добар еротски филм заедно.

Порно филмовите не доаѓаат во предвид. Ви треба нешто повеќе интригантно, секси и бескрајно возбудливо и инспиративно.

Напиши коментар