Free zone

„Ало, полиција, ми ја уништија фризурата!”

Лута жена ја повика силата на законот нарачката поради погрешната нијанса на боја што ѝ беше нанесена во фризерски салон во градот Лубек, Германија.

Жените можат да бидат непријатни ако не им се допадне фризурата или бојата на косата.

Дека ова се случува, исто така, покажуваат вестите од германскиот град Лубекс.

Всушност, жената побесне поради фризерката која што дури и по три обиди не и ја погоди саканата нијанса на боја.

Таа жена беше толку лута што и телефонираше на полицијата за да реагира!

Полицијата ја предупредила дека овој број е наменет за итни случаи и дека ако сака да бара надомест, треба да поднесе граѓанска тужба.

„Ние секогаш сакаме да помогнеме, но полицајците не се вистинските луѓе за разговор за фризура, особено ако ги барате преку број за итни интервенции“, соопшти полицијата на нивната Facebook страница.

Напиши коментар