Во Саудиска Арабија, се појави апликација која им овозможува на мажите да ги следат нивните брачни партнерки и ќерки.
Google и Apple добија многу негативни коментари од активистите за човекови права, бидејќи дозволија оваа апликација да се најде во нивната понуда.
Апликацијата е именувана Absher и е направена од Националниот информативен центар, што всушност е проект на Министерството за внатрешни работи.
Правата на жените во Саудиска Арабија се прилично ограничени. На пример, на жената и е потребна дозвола од таткото или мажот да ја напушти земјата.
– Оваа апликација е навредлива и понижувачка. Ужасно е што им овозможува на мажите да го следат секој чекор од своите жени – рече Ротна Бегум од Центарот за човекови права.
Од Google и Apple беше побарано да го повлечат Absher, бидејќи оваа апликација може да испрати порака за реалното време секогаш кога жената ќе излезе од земјата.