Free zone

Бараше фарба за коса и си ја најде близначката: Не се во сродство, но изгледаат речиси идентично …

Пола Петра (23) од Џорџија и Кејт Мур (29) од Конектикат, колку што знаат, не се во сродство.

Сепак, без оглед на разликата од шест години помеѓу нив, тие изгледаат како клонови – и ако ги сретнете на улица некаде, сигурно ќе помислите дека се идентични близначки.

Ако неколку работи не се совпаднаа, тие никогаш не би се сретнале. Кејт ја виде фотографијата на Пола која таа ја поставила на една интернет страница додека купувала боја за коса. Таа најпрво ја споделила фотографијата со пријателите и семејството, а потоа се јавила и Пола.Од тогаш, тие две се пријателки.

А благодарение на организацијата ‘Twin Strangers’, тие и лично се запознаа.

Напиши коментар