Љубовта без страст е пријателство. Значи, не е љубов.
Така вели сексологот Трејси Кокс и вели дека ако во почетокот не постои хемија меѓу партнерите, нема да се развие подоцна.
– Не се занесувајте дека може да се разбуди, бидејќи тоа е многу ретко – вели Кокс.
– Од друга страна, од врската во кој има само хемија со времето може да се развие силна љубовна врска.
И таа додава дека присуството на хемијата, може да се идентификува со некои значајни симптоми:
* Мислите дека вашиот партнер е многу привлечен.
* Се чувствувате опиено во неговото присуство.
* Дури и кога сте во друштво, ви се чини дека постоите само вие двајца.
* Се затекнувате себеси како на работа или во превозот кон работа фантазирате за него.
* Не можете да дочекате повторно да се видите, иако штотуку сте се разделиле.