Се планира да се вратат астронаутите на Месечината до крајот на 2024 година.
Основачот и директор на Амазон, Џеф Безос, претстави модел на новото летало кое треба да однесе опрема и луѓе на Месечината до 2024 година.
Леталото без екипаж, Сина месечина (Blue Moon), ќе носи научни инструменти, сателити и возила за непристапниот терен, објави BBC.
Станува збор за нов ракетен мотор наречен BE-7, со потисок од 4,535 килограми.
„Време е да се вратиме на Месечината, за овој пат да останеме“, рече Безос, кој ги презентираше целите на неговата компанија за истражување “Blue Origin” во Вашингтон за потенцијалните клиенти и претставници на американската вселенска агенција (NASA).
Целта е Сината месечина да слета на јужниот пол на Месечината, каде што се наоѓаат делови од мраз во кратерите.
Водата од овој мраз може да се искористи за производство на водород, што би можел да го подигне вселенски брод за понатамошни мисии низ Сончевиот систем.
Администрацијата на Трамп во март објави дека има намера да ги врати американските астронаути на Месечината до крајот на 2024 година.
Според Безос, “Blue Origin” ќе биде во можност да го исполни крајниот рок на администрацијата на Трамп, но „само затоа што“ компанијата започна со создавање на леталото во 2016 година.
Тој, како што истакна, сака, да го подобри пристапот до Месечината, бидејќи има поширока визија за иднината во која луѓето ќе можат да живеат и да работат во универзумот, што денес не е возможно.