Не можете да сакате некој на кој што не можете се да му кажете, нели? Или сепак мислите дека понекогаш е поумно да се премолчат некои работи во врската?
Паровите во сериозни врски делат речиси сè. По некое време, не ви е неприродно да земете голтка од неговото кафе, или залче од сендвичот.
Споделување на трошоците за живеење, споделување на креветот, можеби бањата во утринските часови, додека се подготвувате за работа …А своите чувства? Најинтимните мисли? Тоа не оди секогаш во „пакет“, иако би требало.
За квалитетот на врската многу значи ако сте отворени и искрени, дали со партнерот можете да разговарате за се, без двоумење и без страв од осудување, вели истражувањето чии резултати беа објавени во списанието The Journal of Sex Research.
Во студијата учествуваа паровите кои беа во моногамни односи најмалку две и пол години пред почетокот на студијата. Тие пополнија прашалник со кој би требало да се опише начинот на комуникација во врската, да оценат колку оваа комуникација е добра, и да кажат за што можат да разговараат со лицето што го сакаат, и дали се подготвени да разговараат со партнерот и за непријатни теми.
Во исто време, требало да оценат колку се задоволни со нивниот однос, сексуалниот живот и да кажат дека имаат чувство дека тие се блиски, како пар.
Се покажа дека субјектите кои од партнерите не кријат ништо, и кои за сè можат да разговараат со лицето што го сакаат, својата врска ја доживуваат како многу посреќни и постабилна отколку оние во чија врска сепак постојат „забранети“ теми.
Со анализа на овие податоци, психолози заклучиле дека иако има и такви кои веруваат дека во врската комплетна искреност се подразбира, има и луѓе кои веруваат дека малите лаги се дозволени, а во некои случаи дури и пожелни.