
Според научните истражувања, околу 25 проценти од мажите и 14 проценти од жените извршиле неверство барем еднаш во својот живот.
Настроени сме да веруваме дека до овој процент носи несредениот и занемарен однос во врската или во бракот.
Сепак, експертите за емоционални односи го негираат овој став и тврдат дека и среќните емоционални врски се подеднакво подложни на неверство, како и среќните.
Естер Перил, познатата белгиска психотерапевтка, ја напиша книгата “The State of Affairs”, во која на феноменот неверство му пристапи од три различни перспективи:
o Перспективи на лицето кое изневерува
o Перспективи на изневереното лице
o Перспективи на неутрален набљудувач
Естер тврди дека не се сите неверства симптоми на проблематични врски или брак, и дека не се секогаш предизвикани од проблематични луѓе.
Многу често, луѓето кои ја започнале аферата тврдат дека према својот емотивен партнер сеуште чувствуваат силни емоции, па дури и љубов.
