After Midnight

Дали оваа информација ве изненадува? Еве колку често жените во брак водат љубов

Изгледа дека не е сè како што мислиме …

Иако секој брак е различен, а односите помеѓу партнерите неможат да се споредуваат, најновото истражување спроведено на 300 парови открило интересни податоци.

Покрај многу животни одговорности и проблеми, деца и работа, многу е тешко да се зачува совршен однос со партнерот, полн со емоции и страст.

Ова е докажано со бројните одговори на жените на прашањето: „Колку често водите љубов?“.

Во анкетата спроведена на повеќе од 300 парови од различни возрасти, се откри дека речиси половина (47 проценти) имаат секс еднаш неделно, а речиси 10 проценти го прават тоа само двапати месечно.

– Жените во брак кои велат дека сексот со нивниот партнер еднаш неделно или два пати месечно совршено им одговара, всушност не се никаква реткост.

Причината за ова се токму животните препреки, стресот и обврските кои можат да го направат сексот многу предвидлив, па дури и досаден – велат експертите.

Исто така, истражувањето потврди дека што поретко водиме љубов, страста и потребата за тоа ќе станат се помали и помали.

Игнорирање на страста и недостатокот на интимност, што се почесто е присутно во последно време меѓу партнерите, честопати доведува до неверство, па дури и развод.

Напиши коментар