Free zone

Додека ние се давиме во пластика, овие маркети ги пакуваат производите во листови, наместо во кеси: Резултатот е прекрасен

Каква оригинална идеја.

Една од главните цели на денешното општество треба да биде намалување на потрошувачката на пластика и едукација на луѓето за еколошките и глобалните промени и проблемите со кои се соочуваме во моментов.

Додека се поголем број на земји ја забрануваат употребата на пластика, пазарите во Азија излегоа со оригинални идеи, па листовите се користат за пакување производи.

Со цел да се направи позитивна промена, супермаркети низ Азија, зеленчукот го пакуваат во лисја од растенија.

Gepostet von Perfect Homes Chiangmai am Dienstag, 2. April 2019

Овој тип на пакување не е само исплатлив, туку и заштедува толку многу пластика што инаку би се рециклирала или би завршила на депонијата.

Неодамна, Кина престана да увезува ѓубре од целиот свет и се концентрираше на рециклирање на сопствениот отпад.

Пред тоа, повеќе од 30 отсто од глобалниот отпад завршуваше во Кина, предизвикувајќи општо уверување дека азиските земји се одговорни за создавање на најголемиот дел од светскиот отпад.

Gepostet von Perfect Homes Chiangmai am Dienstag, 2. April 2019

Сега, азиските земји, вклучувајќи ги и Виетнам и Тајланд, бараат нови начини за избегнување на пластиката. Ова стана солидна основа за нови бизнис идеи.

Една од овие идеи беше новиот, еколошки прифатлив начин за пакување на производи со избегнување на пластично пакување.

Gepostet von Perfect Homes Chiangmai am Dienstag, 2. April 2019

Овој начин на пакување на стоката ги воодушеви клиентите, а фотографиите се споделуваат на социјалните мрежи. Којзнае, можеби други земји ќе ја преземаат оваа интересна идеја?

Напиши коментар