← НАЗАД НА БОЗА

Есенцијална состојка за среќна врска – љубовта кон себе!

Есенцијална состојка за среќна врска – љубовта кон себе!
27 Читања

Човекот, според природата, е суштество, кое во текот на својот живот имал можност да ја запознае љубовта на различни начини.

Без разлика дали тоа е родителска, пријателска или емоционална љубов, имаме можност да уживаме во ова чисто чувство за време на созревањето и самоспознавањето, но сепак, колку и да сме опкружени со љубов, на крајот ја откриваме љубовта кон себе.

Без разлика дали ја доживувате љубовта како состојба, емоција или потреба, неопходно е прво да ја почувствувате хармонијата во себе и да научите целосно да се сакате.

Љубовта кон себе се учи во текот на вашиот живот, а дури кога сте целосно подготвени да се засакате, можете вистински да ги сакате луѓето околу вас, а особено вашиот емотивен партнер.

Емоционалната љубов кон партнерот е најинтимна, неа ја чувствуваме за време на нашиот заеднички живот, а тој е единствената личност на која и дозволуваме да нè запознае до срж.

Но, за да се отворите према некого, без страв и предрасуди, прво мора да се сакате себеси.

Со цел да се изгради врска со целосна доверба и почит, неопходно е и двајцата да вложите труд, но нешто поважно од тоа е дека додека создавате беспрекорна врска со вашиот партнер, исто така, градите стабилен однос со себеси.

Начинот на кој што се третирате себеси, е одлична насока за вашиот партнер, како тој да ве третира и на кој начин да ви ја покаже својата безусловна љубов.

Покрај тоа, ќе научите од својата љубов кон себе како да се однесувате со љубов кон вашиот партнер, но и кон сите други луѓе околу вас.

Покрај тоа, ќе има периоди во вашиот живот кога ќе сакате да се изолирате, да бидете сами и да работите детално на промените во вашиот живот, тогаш љубовта кон себеси ќе биде вашата основна мотивација.

Да се сакаш себеси значи да го живееш својот живот на најдобар можен начин, со насмевка.

Инвестирајте во вашата врска со тоа што ќе стоите пред вашиот партнер како најдобра своја верзија!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk