After Midnight

Ги прашавме мажите: што ги прави несигурни?

Факт е дека кога станува збор за машко-женските односи, современите мажи се прилично несигурни, а експертите тврдат дека жените се главниот извор на машка несигурност.

Овој пат, ги прашавме мажите, со што жените ги прават несигурни, за да знаат дамите следниот пат, за време на флертувањето, како да се постават!

Ова се главните извори на машка несигурност:

Убавината на жената

Извонредно убава жена, уште на прв поглед ги остава мажите без зборови, а ако тој не е по природа полн со самодоверба, ќе се збуни и нема да го направи првиот чекор, бидејќи ќе мисли дека не може да се натпреварува со нејзината убавина.

Женската елоквентност

Кога жената пред мажот ќе ја покаже својата интелигенција и елоквентност, неизбежно е да го импресионира, но, исто така, и да го „исплаши“ со својата елоквентност.

Мажите пред таквата жена се чувствуваат несигурни, бидејќи сметаат дека немаат адути со кои што можат да ја засенат.

Женската одлучност

Кога една жена знае што сака и тоа јасно го бара од својот партнер, мажите често се плашат дека токму она што и треба, тие не можат да го понудат и на тој начин се повлекуваат пред одлучна и директна жена.

Ако сте една од овие жени, обидете се да го ублажите својот настап, за на мажот да му дадете можност да се покаже себе си во право светло!

Напиши коментар