Free zone

Ги тужи родители затоа што го направиле без дозвола!

Маж (27) судски ги гони мајка му и татко му, бидејќи го „донеле на свет без негова дозвола“!

View this post on Instagram

#thursdaythoughts by @nihilanand000

A post shared by Raphael Samuel (@viva_la_ra_sa) on

Маж од Индија одлучи да ги тужи родителите, затоа што го довеле на свет без негова согласност за тоа.

„Имам одличен однос со родителите, но на овој начин сакам да покажам дека родителството е всушност многу себично нешто. Тоа е слично на киднапирање и ропство. Вас никој не ве прашува дали сакате да се родите, а родителите ве носат на свет само за да си причинат задоволство“, изјави Рафаел Семјуел (27) за индиските медиуми.

Рафаел е само еден од многуте членови на т.н. “antinatalizma”, движење кое смета дека не е во ред да се раѓаат децата. Ова движење е особено популарно во Индија, каде што младите луѓе оттаму се спротивставуваат на притисокот на околината за создавање на семејство.

„Ако родителите знаат што е добро за децата, зошто воопшто ги раѓаат“, „Ќе го донесеш детето на свет, а потоа го тераш да работи, тоа се вика ропство“ … Се само дел од пораките на ова движење.

Можеби најзабележителната е следната – „Единствената причина зошто вашите деца имаат проблеми сте вие, бидејќи вие сте ги донеле на свет“.

Напиши коментар