After Midnight

Хети има 82 години, има секс три пати неделно и редовно добива понуди од мажи на возраст под 35 години – a ова е нејзината тајна

Љубовта всушност не знае за години, а таа е вистинскиот доказ за тоа.

Ако имате пријател кој бара сродна душа, а исто така ги сака постарите дами, тогаш Хети Ретораж е вистинска шанса за вас, бидејќи оваа дама сака помлади мажи и сака секс.

Хети има 82 години, активно ја користи Тиндер апликацијата и излегува со неколку децении помлади момци секоја недела, бидејќи според неа, мажите на нејзината возраст не можат да го задоволат нејзиниот сексуален апетит.

„Никогаш до сега не сум сретнала маж кој не сакал да има секс со мене“, рече Хети.

Таа живее во Њујорк и е single веќе 35 години. Лудо се забавува во неформални врски и вели дека сексот никогаш не и бил гаранција и обврска.

– Излегуваме на пијалак, а ако хемијата е вистинската тогаш одиме во мојот стан. Ако не е, тогаш се разделуваме, вели Хети.

Таа вели дека еднаш напишала на Тиндер дека би сакала да има секс со мажи на возраст под 35 години и дека била затрупана со пораки во многу краток временски период.

Оваа возрасна жена која пука од самодоверба е мајка на две деца и има три внуци. Таа била професионална танчерка. Сега работи како lifecoach и писател.

Хeти се развела од својот поранешен сопруг во 1984 година, кога била на возраст од 50 години, бидејќи мислела дека не работел доволно напорно за да ги испрати децата на колеџ.

– Советот поврзан со сексот што го давам на луѓето е – мастурбирајте! Треба да одржувате сѐ таму долу во ред, без разлика дали сте расположени или не …Одржувајте го тоа во живот, рече Хети.

Таа ги сака порно филмовите, пливањето и фитнесот благодарение на што се уште е фит.

Нејзината 53-годишна ќерка, Рана, многу ја поддржува, но на нејзиниот син Џош (57) и неговата сопруга не ми се допаѓа кога зборува за секс.

Напиши коментар