Celebrity

Хорор: Погледнете ја бабичката …

Објавен нов трејлер за продолжението на хорор филмот снимен по романот на Стивен Кинг – “It”.

Во кината наскоро пристигнува продолжението на хорор филмот  по романот на Стивен Кинг – “It”.

Го гледавме “The Losers’ Club”, а сега повторно ги сретнуваме – речиси три децении подоцна.

Поточно, кога Пенивеј ќе се врати …

Студиото “Warner Bros” го објави вториот трејлер на приказната, и тоа оној во кој што ја гледаме Беверли како возрасна, која ја глуми Џесика Честејн, кога се враќа во Дери, во куќата каде што живееше со својот татко.

Таму сега живее слатка бабичка, која ѝ дозволува да влезе, се сеќава на минатото и разговара со неа.

Непосредно по објавувањето на трејлерот, почнаа коментарите – еден од најчестите: „Не ги тргнувајте очите од бабичката, ни за момент“, но исто така и „ за малку срцето ќе ми застанеше“.

Погледнете:

Напиши коментар