Free zone

Има само 13 години, а сам ја изградил оваа куќичка: Кога ќе видите како изгледа внатре, ќе се воодушевите!

Кога почнал да гради, неговиот пријател му помогнал со електричните инсталации, а момчето за возврат му понудило да му ја исчисти гаражата.

Лук Тил е 13-годишно момче од Ајова, САД, кое има интересни интереси. Тој е многу заинтересиран за градежништвото, па затоа решил да направи мал проект во дворот на неговите родители.

Лук сега е среќен затоа што има свој дом, кој самиот го изградил. На неговиот канал на Јутјуб, тој објасни како се одвива изградбата.

Тој ја доби идејата минатото лето. Сфатил дека летно време му е досадно и би сакал да има своја мала куќа, каде што ќе го помине времето.

Голем дел од финансиите ги реши со компензација. Кога почнал да гради, неговиот пријател му помогнал на електрични инсталации, а момчето за возврат му се понудило да му ја исчисти гаражата.

Неговиот татко, додека бил помал, го научил како да користи алат, па градежништвото му сраснало за срцето. Се разбира, градејќи ја оваа куќа, научи многу повеќе.

Околу 75% од материјалот беше рециклиран, најголемиот дел од тоа е од старата куќа на баба му. На пример, влезната врата беше земена од пријател на вујко му.

Куќата има само 9 квадратни метри, има електрична енергија, но нема вода.

„Го сакам минимализмот“, изјави Лук за весникот, додавајќи: „Сакав куќа без заем од банката. Вака го замислував мојот прв дом“.

Напиши коментар