Право на глас во Индија имаат 900 милиони луѓе, правејќи ги изборите во оваа земја најголем демократски процес од ваков вид во светот.
Еден од гласачите е 102-годишниот Шиам Саран Неги од градот Калпа, кој се наоѓа длабоко во Хималаите, пренесува BBC.
Тој е еден од најстарите гласачи во Индија и редовно ја извршува оваа граѓанска должност од 1951 година и од првите избори во таа земја.