И покрај тоа што не се дискутира за вкусови, една неодамнешна анкета на социјалната мрежа Badoo открива каков тип на жени се најпривлечни за мажите, барем што се однесува до физичкиот изглед.
Всушност, од 2.000 испитаници, дури 60 проценти од нив сметаат дека ги сакаат сините очи.
Само 8 проценти од анкетираните луѓе претпочитаат жени со црвена коса, а 32 проценти од нив сметаат дека блондинките се најатрактивни.
Интересно е тоа што 40 проценти од мажите претпочитаат жени со сини очи, а околу 30 проценти од нив со кафеави очи. 15 проценти од мажите рекоа дека сакаат жени со зелени очи, додека останатите се неопределени.
Покрај овие карактеристики, истражувањето покажало и дека мажите повеќе сакаат жени со облини.
Всушност, повеќето од нив за најзгодни ги сметаа жените кои носат конфекцијски број 40, а само 10 проценти ги претпочитаа оние кои што носат облека со број 34 или 36.
Меѓутоа, и кај облините постојат граници, така што само 4 проценти од мажите ги сметаа за најпосакувани жени оние кои носат конфекцијски број над 44.