← НАЗАД НА БОЗА

Истражувањето откри: Дали модерните мажи сакаат бринета или русокоса покрај себе?

Истражувањето откри: Дали модерните мажи сакаат бринета или русокоса покрај себе?
20 Читања

Прашањето дали мажите повеќе сакаат блондинки или црнки, актуелно е со години наназад.

Многу истражувања со децении следеа, како, на оваа тема, се менуваше машкиот вкус, а најновите истражувања одат во корист на дамите со светла коса.

Последното истражување спроведено во Минесота покажа дека на модерните мажи попривлечни им се русокосите од бринетите и жените со црна коса.

На испитаниците во текот на истрагата им беа прикажани слики на жени со црна, кафеава и руса коса, различни должини, врз основа на кои требало да ја оценат нивната природа, возраста, физичката привлечност и да се изјаснат дали би биле во брак или во врска со нив.

Резултатите покажаа дека повеќето мажи преферираат блондинки, бидејќи тие се повозбудливи и атрактивни, па дури и со помлад изглед, отколку жените со кафеава и црна коса.

Меѓутоа, кога дојде ред да се одлучат со која жена би стапиле во брак, победата убедливо ја понесоа бринетите, затоа што мажите ги сметаат русокосите за пококетни, што не е квалитет што би сакале да го поседува нивната сопруга.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk