Од вишок не боли главата или …?
Резултатите од истражувањето на Факултетот за психологија во Њукасл покажаа дека мажите кои честопати се под стрес избираат пополни девојки за партнерки.
Во еден експеримент во кој беа вклучени неколку стотици мажи, тие беа поделени во две групи – едната учествуваше во важна дебата пред голема публика, каде им беше дадена задача да поделат 1,022 со 13 во многу краток временски период.
За време на паузата добија фотографии од различни жени од кои требаше да се изберат најпривлечните.
Другата група ја сочинуваше публиката која воопшто немаше стрес.
Што се испостави?
Мажите кои беа под стрес ги претпочитаа пополните жени, додека мажите од публиката беа привлечени од послабите.