Free zone

Крадец украл 20.000 евра од седумдесетгодишна старица: По три години пристигнало големо изненадување на нејзината врата

На бабата и нејзината ќерка и го предаде пликот со букет цвеќе.

Дваесетиседумгодишниот Французин кој го јадеше вината одлучи да врати 20.000 евра по три години, кој ги украл со соучесник од седумдесетгодишната старица во декември 2013. година.

На 20 декември 2013. година, една седумдесетгодишна бабичка отиде во банка каде што подигнала 20.000 евра, а само неколку минути по напуштањето на банката, таа стана жртва на грабеж, пишува Ла Прованс.

Во март оваа година, кога се врати дома,  виде пред вратата голем букет цвеќе, без посвета.

Неколку дена откако доби букет цвеќе, еден човек и заѕвони на вратата, а во рацете имаше уште еден букет.

На бабата и нејзината ќерка им го предаде пликот во кој имаше 20 илјади евра, заедно со букетот.

Полицијата успеа да го пронајде крадецот кој беше уапсен дури на 22-ри мај, а брзо призна дека бил еден од двајцата кои ограбиле баба пред банката пред четири години.

Тој не сакаше да го каже името на соучесникот, но призна дека е голема грешка и дека оттогаш тој постојано се кае.

Беше ослободен да се брани од слобода, а наскоро се очекува и да му се суди.

Напиши коментар