Дрвена, неодолива, во срцето на природата, не можете, а да не се заљубите во викендичката што ќе ви ја претставиме…
Кога еден архитект ќе се одлучи да создаде семејно гнездо за себе и за своето семејство, очекувајте нешто посебно, иновативно и, се разбира, удобно.
Оваа прекрасна куќа е во сопственост на семејството Милер, која ја изгради куќичката како од сказна благодарение на пријателите и со помош од сите членови.
Изработена е од рециклирани дрвени палети и, што е најважно, осветлена од сите страни со природна светлина.
Во овој симпатичен дом има простор за сè, а под креветот има простор за фиоки и за складирање на гардероба.
Иако на прв поглед мала, во оваа вила има доволно простор за целото семејство кое може да го помине својот одмор комотно и убаво.
Семејството Милер има вложено 10 илјади евра во оваа куќа, а покрај тоа што се во можност да уживаат со семејството, одлична е и за изнајмување.
Во галеријата погледнете ги сликите од оваа дрвена куќичка во срцето на природата.






