Free zone

Музеј на флипери во близина на Акропол

Во една споредна улица во близината на Акропол постои нов музеј кој покажува малку различни предмети во споредба со елегантните бели мермерни статуи на античка Грција.

Тоа е атински музеј на флипери, кој содржи повеќе од 100 целосно функционални флипери од 50-тите, кои ги враќаат посетители назад во минатото, така што во некои случаи тие можат да ја оживеат својата младост, објави Ројтерс.

„Тоа е како уметност за мојата генерација“, рече 47-годишниот сопственик Панос Битаркас, кој го отвори музејот пред шест месеци.

„Возрасните доаѓаат да го побараат првиот флипер на кој што играле … Тоа е носталгија, тоа се звуците, тоа е мирисот, се заедно“, рече Битаркас.

Тој рече дека дошол до идеја да го отвори музејот откако добил флипер како роденденски подарок од неговата сопруга во 2017 година.

Ја напушти работата во секторот за обновлива енергија за да ги пребара грчките села и да ги најде машините прекриени со прав во затворените продавници, магацини и куќи, а потоа ги обнови и ги изложи во својот музеј.

Напиши коментар