Free zone

НА ТВИТЕР ЈА ОБЈАВИ ТАЖНАТА ФОТОГРАФИЈА ОД СВОЈОТ ТАТКО: Момчето имаше само една МОЛБА, а одговорот на народот го воодушеви!

Постот стана вирален.

Момчето кое беше запишано како Били на Твитер, ја објави фотографијата на татко му, кој стоеше сам на шалтерот на нивната нова, но празна продавница за крофни во тексашкиот Хјустон.

„Татко ми е тажен бидејќи никој не доаѓа во неговата нова продавница за крофни“, напиша Били на Твитер, а потоа се случи магија.

Постот стана вирален, а клиентите почнаа масовно да доаѓаат во новата продавница наречена “Billy’s Donuts”. За многу кратко време, луѓето ја преплавија продавницата, а крофните беа целосно распродадени.

„Сакав да ве известам за новонастанатата ситуација. Ние целосно ги продадовме крофните. Неверојатни сте. Не можам да ви се заблагодарам доволно што дојдовте да го поддржите локалниот бизнис. Ова значи многу за моето семејство“, пишува Били.

Нивната официјална веб-страница на Instagram сега има повеќе од 14.500 следбеници, што е импресивен број за профил отворен пред неколку дена и со само шест објави.

Напиши коментар