Една жена од Америка цел живот верувала дека е црна, но таа ја дознала вистината дури по смртта на нејзините родители.
Verda Bird (75) е жена која дури во 70-тите години открила дека е всушност бела жена, откако целиот свој живот мислела дека е црна.
Таа гостуваше во емисијата “Good Morning Britain”, каде што рече дека нејзините најблиски членови на семејството не знаеле дека е бела, бидејќи таа всушност била посвоена во афро-американско семејство.
Пораснала со прекрасни родители во Мисури, но дури во староста открила дека таа не е нивно биолошко дете.
Верда била посвоена кога имала само пет месеци откако нејзиниот татко, Ерл Бигл, ја оставил нејзината мајка, Дејзи и петте деца, а потоа Дејзи имала сериозна сообраќајна несреќа.
Името што и било дадено по нејзиното раѓање е Џенет, но родителите што ја посвоиле го смениле нејзиното име во Верда, а нејзиното минато никогаш не било споменато.
Верда откри сè во документите што ги најде по смртта на нејзините родители.
Потоа сфати дека таа всушност е бела жена и ја прифати целата ситуација, па дури и напиша книга за тоа наречена “70 years of blackness”.
„Станува збор за психолошка работа – како јас ќе го разберам она што значат тие зборови на хартија. Ментално, тоа е прифаќање на она што си и што не си знаел дека си бил, но тоа не ме промени, бидејќи јас сеуште се сакам себеси! На крајот на краиштата, тоа не е ни важно“, рече Верда во емисијата.
Погледнете го нејзиното гостување во емисијата: