Иако цената не е се за вистинските љубители на вино, овој гостин сигурно имаше ретко искуство да вкуси премногу скап пијалак.
Наместо шише вино од 300 евра, еден гостин на steakhouse ресторан во Манчестер уживаше во шише кое чини неверојатни 5.150 евра, бидејќи еден од вработените во ресторанот му донесе погрешно вино.
Иако цената не е се за вистинските љубители на вино, овој гостин сигурно имаше ретко искуство да вкуси премногу скап пијалак.
Тој нарача шише Chateau Pichon Longueville Contesse de Lalande, а наместо тоа доби Chateau le Pin Pomerol, откако еден од вработените во ресторанот случајно ги измеша шишињата од истата берба, односно од 2001. година.
THEY LOOK PRETTY SIMILAR OK?! 😉 pic.twitter.com/JWFW81cbe8
— Hawksmoor Manchester (@HawksmoorMCR) May 16, 2019
Не само што ресторанот не му го наплати виното на клиентот кога ја увиде грешката, туку не му даде отказ ниту на менаџерот кој ги измеша шишињата.
Приказната брзо се раширила на социјалните мрежи, а некои корисници на Твитер се убедени дека ова е намерно направено за публицитет, и дека парите кои ресторанот ги изгубил со виното ги вратил назад мултиплицирани преку бесплатен маркетинг.
It's marketing at its finest..
— Sam (@Skipidyy) May 16, 2019