After Midnight

Научете како да дојдете до вистински оргазам

Освен задоволството во текот на целиот чин, она кон што сите се стремиме во сексот е крајно задоволство, поточно оргазам. Но, неговото одложување понекогаш носи повеќе задоволство отколку што можете да си замислите.

Одложувањето на оргазмот е постапка со која го одложуваме ова финално уживање до крајни граници на начин што го успоруваме или прекинуваме односот во тој момент и започнуваме од почеток.

Оваа пракса може уште повеќе да ги зближи партнерите и да создаде подобра комуникација меѓу нив. Покрај тоа, партнерите можат да станат уште посвесни за сексуалните тригери, како за своите така и на партнерот.

Исто така, по секој прекин на оргазмот, стимулацијата и желбата стануваат посилни, а работата на хормоните во телото и возбудувањето расте.

Конечно, кога ќе дојде до оргазмот, тој е многу посилен и поинтензивен отколку што можеме да си замислиме.

“Кога партнерите со текот на времето ќе го постигнат овој долгоочекуван оргазам, тие ќе го чувствуваат посилно – контракциите веројатно ќе бидат поинтензивни и побројни, а задоволството „подлабоко“.

Дури и чувството на задоволство веројатно ќе трае подолго и ќе почувствувате „бранови“ низ целото тело“, вели сексологот Џесика О’Рајли.

Напиши коментар