Работниците во Мекдоналдс опишаа дека сè одеше многу брзо.
Кога сте во последната фаза од бременоста, може да биде доста непријатно, бидејќи не знаете кога бебето ќе излезе.
На една жена од Мелбурн и пукна воденикот додека беше на паркингот од Мекдоналдс.
Додека чекаше зда пристигне Брзата помош, таа побара од нејзиниот сопруг да оди по порачаната храна. Не можеше да се пораѓа на празен стомак.
– Бевме зафатени, тој влезе и ја побара нарачката за неговата сопруга која се пораѓаше на паркингот. Ние го услуживме клиентот брзо и тој замина. Бевме малку загрижени, но кога видовме амбулантно возило, знаевме дека сè е во ред – изјави Енсли Шилингтин за австралискиот дневен весник.
Таа објасни дека сé се заврши многу брзо.