Хмм, кога подобро ќе размислиме овој секс тренд нема никаква врска со вистински секс!
На секого му се има ова случено, а можеби не биле ни свесни за тоа.
Можеби сте испиле премногу кафе или еден литар вода по тренингот па чеквте да стигнете дома за да го испразните мочниот меур и сте го искусиле она чувство на олеснување, а всушност сте искусиле „pee-газам“ (pee – мокрење).
Се прашувате што е тоа?
„Pee – газам“е интензивно чувство на олеснување кое се доживува со празнење на мочниот меур по долго воздржување од одење во тоалет и очигледно е многу слично на оргазам.
Pee – газмот стана популарен тренд во последно време, особено кај жените со отсуство на оргазам, но гинеколозите предупредуваат на штетата што може да предизвика.
Се чини дека сексот е се попотребен и покорисен за жените.
„Мочниот меур треба да се третира со почит. Кога ви се оди во тоалет, одете тогаш“, вели гинекологот Charlotte Elder за New York Post, предупредувајќи дека со оваа практика, всушност, доаѓа до ширење на мочниот меур и повредите што можат да се добијат можат да траат со години, а понекогаш штетата е непоправлива.
Д-р Elder објасни зошто многу луѓе се чувствуваат толку добро за повторно намерно да го практикуваат:
„Полниот мочен меур ги стимулира нервите на нашите сексуални органи – што во текот на спиењето може да предизвика сексуални соништа.
Меѓутоа, јасно е дека уринарната ретенција не е здрава, а тоа може да доведе до разни заболувања, од воспаление до хронични проблеми со мочниот меур па се до инконтиненција.
Затоа лекарите предупредуваат дека овој нов тренд прави повеќе штета отколку корист, и им советува на девојките сепак да пробаат нешто постаромодно од „pee – газмот“.