Повеќето мислат дека ќе го преболат поранешниот партнер со тоа што побрзо ќе најдат друг – вели едно истражување на научниците од Кливленд.
Истражувачите дошле до заклучок дека повеќе од 65 проценти од помладата популација само „влетува“ од врска во врска, тврдејќи дека не можат да бидат сами, дека се плашат од осаменоста или синдромот на скршено срце.
Сепак, експертите советуваат спротивно – пауза од било каква емотивна поврзаност и здрава подготовка за нова.
– Користете ја стекнатата слобода да работите на себе, да ги организирате своите мисли, да ги решите проблемите што ве мачат, а не само да ги избуткате под тепихот – вели Мајкл Питерсон, лидер на студијата.
– Дефинирајте ги вашите желби и потреби, размислете за она што навистина ви треба во љубовта и од љубовта, а не да влетате во контакт со првиот што ќе дојде. Додека не научите да бидете сами, нема да бидете среќни со никого.