Free zone

Неодоливи фотографии од градината на Кејт Мидлтон: Првите чекори на принцот Луи и играње со братот и сестрата

Градината е инспирирана од детството на Војвотката од Кембриџ.

Принцот Луи, најмладото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, за прв пат беше сликано како оди на неодоливите фотографии што потекнуваа од градината на неговата мајка.

Додека Луи ги прави своите први чекори, неговиот брат Џорџ (5) и сестрата Шарлот (4) се сликани како се играат боси во прекрасниот пејзаж во близина на нивниот дом во западен Лондон.

На една фотографија, принцот Луи, кој го прослави својот прв роденден во април, оди со гранка во раката, додека неговиот татко го гледа со насмевка.

Семејството изгледа среќно и опуштено додека го поминува денот заедно во прекрасната градина Челзи.

Во убавата градина има лулашки, водопади, ровови, стебла и многу други нешта.

Новите фотографии се објавени од Кенсингтон палатата додека војвотката ја промовира својата градина која е инспирирана од детството и има за цел да ги поттикне децата да играат на отворено, што има позитивно влијание врз менталното здравје и развој.

Кејт сакаше градината да биде шумска средина наменета за семејството и заедницата, со цел да се поврзат и соединат со природата.

Напиши коментар