← НАЗАД НА БОЗА

Неверојатни фотографии од породувањето на една туристка во Црвеното море

Неверојатни фотографии од породувањето на една туристка во Црвеното море
40 Читања

Руска туристка се породила во Црвеното море во Египет, а фотографии од настанот се проширија на интернет.

Во светските медиуми, се појавија фантастични фотографии од жена која се породи во морето.

Фотографиите биле направени во Дахаб, Египет, и веднаш станале вирални.

Сликите биле направени од страна на сопственикот на хотелот Мохамед Ел Саид од балконот на неговиот хотел „Дар Дахаба“.

Неговата внука Хадиа Хосни Ел Саид ги објави овие прекрасни фотографии на својата Facebook страница.

Според “Daily Mail”, мајката е руска туристка, која допатувала токму на ова место за да се породи во морето.

На фотографиите е постар човек кој го носи бебе и се верува дека е доктор кој е специјализиран за раѓање во вода, така што се претпоставува дека сè е планирано.

Мохамед забележал дека мајката пред породувањето отишла да плива, каде ја следел нејзиниот партнер и лекарот кој и помагал при породувањето.

По породувањето, плацентата беше ставена во сад и извадена од морето со бебето. Потоа, сите излегоа од водата, а родилката го поздрави нивното поголемо дете.

Во нејзиниот оригинален пост, Ел Саид напиша дека мајката била многу смирена: „Мајката по раѓањето излезе од морето, како ништо да не се случило“, напишала таа.

Откако приказната станала вирална, египетските медиуми објавија дека многу мајки доаѓаат во Дахаб да се породат во последно време.

И покрај растењето на трендот, експертите предупредуваат дека раѓањето на отворено море може да биде ризично.

Породувањето во морето и океанот не е доволно истражено за да се нарече „безбедно“.

„Високиот процент на сол во морињата и океаните може сериозно да му наштети на детето ако случајно се напие голтка за време на процесот на раѓање“, вели д-р. Саима Афтаб за Live Science.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk