After Midnight

Одговорот ќе ви каже сè: Само едно ПРАШАЊЕ е доволно за да дознаете дали дојде крајот на вашата врска!

Еве кое!

Одлуката да се прекине врската не е лесно да се донесе, а многу луѓе простуваат некои работи мислејќи дека ситуацијата ќе се подобри и партнерот ќе се промени.

Овие 3 работи ќе ви помогнат да ја согледате појасно вашата врска и да донесете одлука која ќе го промени вашиот живот на подобро.

Меѓутоа, ако овие три причини не се доволни за вас, тогаш ќе биде доволен одговорот на едно прашање кое ќе си го поставите. Дали сум подобра личност во оваа врска, дали го остварувам својот потенцијал, дали си се допаѓам сама на себе, и како се однесувам кон себе?

Ако одговорот е негативен, знаете што треба да направите.

Партнерот ве злоупотребува

Насилството, без разлика далис танува збор за физичко или емоционално, воопшто не е прифатливо и тоа е аларм што треба да ви ги отвори очите за да сфатите дека вашата љубов е завршена. Ако некој ве сака, тој никогаш нема да сака да ви наштети во било која смисла.

Вашите потреби не се задоволени

Можеби ќе сакате да го поминете своето слободното време на еден начин, додека вашиот партнер ви предизвикува проблеми, бидејќи тој не се согласува со вашата одлука.

Можеби очекувате да имате некој близок на кого секогаш можете да се потпрете, но не можете да го пронајдете тоа во вашите избраници. Затоа, ако вашите потреби не се исполнети, ставете точка без двоумење.

Чести кавги

Секоја врска поминува низ подеми и падови, но ако постојано се расправате, тогаш запрашајте се добро, дали сакате таков живот? Тогаш очигледно ви е потребен маж со различен карактер, без оглед на тоа колку многу го сакате сегашното момче.

Напиши коментар