Дури и паровите кои се долго време заедно се караат за типични нешта, а тоа е сосема нормално, бидејќи односот на паровите, кои речиси никогаш не се расправаат, ќе кулминира и ќе дојде до ненадеен крај.
Типичните кавги низ кои сите парови поминуваат, обично се околу овие секојдневни теми:
- Кавга за пари
Многу парови разговараат за тоа како да заштедат и на што ќе ги потрошат заработените пари. Сепак, психолозите тврдат дека зад караницата околу парите, обично се крие нешто подлабоко. Најчеста причина за оваа кавга се сосема различни погледи на партнерите за материјалните вредности. Ако сакате да ги надминете овие кавги, секогаш смирено разговарајте и дојдете до договор за разумно вложување на заедничките пари.
- Кавга поради начинот на комуникација
Ако еден партнер е смирен, а другиот е ненадејна и темпераментна личност, може да има конфликт, околу начинот на комуникација и изразување на емоциите. Најдобар начин да се стави крај на овој вид на расправии е да се зборува за тоа кога и двајцата ќе се смирите и ќе најдете соодветен и помалку експлозивен начин на изразување на емоциите.
- Кавга околу родителите
Се разбира, не треба да ги сакате родителите на вашиот партнер, како што и тој не мора да ги сака вашите, но мора да ги почитувате, затоа што на овој начин искажувате почит кон вашиот партнер.
- Кавга околу домаќинските работи
Не можете да му дозволите на почетокот на врската да се однесува како домашните работи да му се непознати. Мора да ја поделите работата и секогаш мора да се организирате околу неа, ако сакате да го избегнете непотребниот конфликт.