
Сексот е добар за здравјето, не само за психичкото туку и физичкото, а една од неговите карактеристики е попривлечна од другите – способноста за подмладување
Не, тоа не е залудна приказна, туку резултат на научни истражувања, а сега само треба да кажеме колку секс е потребно за да се биде навистина помлад.
Значи, не е многу, за почеток.
Научниците од Универзитетот во Сан Франциско следеа една недела од сексуалниот живот на група од 129 мајки кои беа во врска.
Учесниците доставија неделни извештаи за задоволството од врската, како и информации за тоа колку често се интимни со нивните партнери.
Истражувачите, исто така, земаа примероци од крвта од учесниците и ги анализираа клетките за показатели на стареењето.
Имено, мајките кои имале сексуални односи со своите партнери најмалку еднаш неделно, имаа значително подолги теломери – заштитна капа на ДНК која го одредува животниот век на клетките – од оние кои немале сексуални односи.
Теломерите на крајот се распаѓаат како резултат на лошата исхрана, пиењето и процесот на природно стареење, според истражувачите.
Нивните резултати укажуваат на тоа дека редовниот секс може да ги поправи и да ги продолжи теломерите, што значи дека клетките ќе останат живи и ќе им помогнат на луѓето да се чувствуваат помлади.
Истражувачите ги поврзаа пократките теломери со сериозни здравствени проблеми како што се рак, срцеви заболувања и дијабетес, а подолгите теломери се чини дека ги спречуваат овие болести.
