← НАЗАД НА БОЗА

Овие 5 женски постапки се тригери за машката љубомора

Овие 5 женски постапки се тригери за машката љубомора
51 Читања

Психолозите велат дека љубомората не е само одраз на машката несигурност и дека после некои, вообичаените постапки на жените, дури и мажите кои ни најмалку не се сомневаат во себе и уживаат во својата самодоверба, чувствуваат љубомора.

Ако не сакате љубоморни сцени, обидете се пред вашиот партнер да не ги повторувате овие мали грешки, кои се причина за машката љубомора.

Флертувате со други мажи

Ако вашиот партнер забележи дека флертувате со други мажи во негово присуство, нема да му биде драго, а особено ќе му пречи ако почнете да го убедувате дека тоа не е флерт, затоа што сигурно се сеќава како со него сте флертувале и совршено знае како да се препознае кога флертувате.

Се смеете на хуморот на друг маж

Повеќето од мажите добрата смисла за хумор ја сметаат како свој најголем квалитет, но ако забележи дека неговата избраничка се смее на туѓи шеги, ќе го доживее тоа како да има конкуренција и нема да му биде сеедно.

Се допишувате со други мажи

Ако забележи дека комуницирате со други мажи на социјалните мрежи, вашиот партнер буквално ќе полуди. Тоа му дава недоверба и веројатно ќе ви даде до знаење дека вашиот виртуелен живот не му е многу пријатен.

Имате најдобар другар

Ако вашиот партнер нема најдобра другарка, нема да му биде лесно да ја прифати вашата врска со вашиот најдобар другар,  колку и да се уверува себеси дека тоа е нормално, секогаш ќе постои малку сомнеж.

Поминувате слободен ден без него

Наместо едвај да чекате да го поминете денот со него, веќе сте договориле да се дружите со колегите, што не го вклучува него. Ако ова често се случува, вашиот партнер ќе почне да се сомнева дали навистина се грижите за него.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk