Во првите 10 секунди, ова е она што мажот прво го забележува на вас.
Универзитетот во Манчестер спроведе студија со намера да открие што мажите првпат приметуваат на жената, а резултатите беа повеќе од задоволителни.
Се покажа дека мажите најпрво ги забележуваат женските усни, а ако имаат црвен кармин, тогаш нивниот поглед подолго ќе се задржи, поточно во просек 7,3 секунди.
Кога жената имала црвен кармин на усните, мажите посветиле на очите неполна секунда, а уште помалку потрошиле на косата. Колку усните биле пополни, толку повеќе внимание привлекувале.
– Оваа студија е доказ дека усните се еден од најчувствителните делови на женското тело и играат клучна улога кога се работи за сексуална привлечност кај луѓето. Црвените усни и перцепираната активност на жените се сé уште неразделно поврзани, вели авторот на студијата Џеф Бити кој додаде дека црвениот кармин продолжува да биде најмоќниот фактор за привлекување што значително ја зголемува визуелната фиксација.