Најпопуларната инфлуенсерка на социјалната мрежа Instagram, старлетата Кајли Џенер, ја изгуби битката од едно обично кокошкино јајце.
Но, јајцето по милиони лајкови, под притисок на популарноста се скршило.
Фотографијата од јајцето кое неодамна собра најмногу лајкови на Instagram, всушност, е дел од кампањата за подигање на свеста за менталното здравје на луѓето.
По милиони лајкови и вниманието што го доби, јајцето пукна поради притисокот.
Покрај скршеното јајце, оставена е порака која ги советува луѓето да бараат помош ако чувствуваат притисок од социјалните мрежи.
„Сега се чувствувам многу подобро. Доколку и вие чувствувате притисок, посетете го talkingegg.info за да дознаете повеќе“, пишува, меѓу останатото, во пораката.
Фотографијата од јајцето кое во јануари стана фотографија со најмногу лајкови и ја „симна“ Kyle Jener од првата позиција сега има повеќе од 52 милиони лајкови.
Најпопуларното јајце на платформата Instagram беше дизајнирано од страна на компанијата Hulu Streaming и Националното здружение за заштита на менталното здравје на Америка.